Stories форматот на содржина е толку многу популарен што нема каде веќе не го гледаме во иста или слична форма. Netflix веќе има, односно имаше, посебен дел каде прикажува „трејлери“ од филмовите и сериите во форма како Stories, а сега овој формат дополнително го прави дел од апликацијата.

Новата функција на Netflix е наречена Fast Laughs и како што може да се претпостави од името, целта е да им понуди на корисниците содржина која ќе ги насмее. Тоа го прави со кратки исечоци од достапните филмови, серии и „стендап“ комедии и сето тоа во формат како Stories.

Корисниците ќе добијат посебно копче на долната лента од апликацијата каде ќе можат да ги гледаат Fast Laughs клиповите.

Покрај тоа што ќе може да ги гледаат, од овој дел корисниците ќе можат да ги зачуваат филмовите или сериите од каде е исечокот во нивната листа за гледање, а исто така ќе можат и да ги споделат на друштвените мрежи, како и да го пуштат целиот филм или серија.

За почеток Fast Laughs е ограничен во одреден број на земји и само за корисниците на iPhone. За понатаму се најавува дека оваа нова функција ќе стане достапна и за корисниците на Android, но не се истакнува дали ќе им биде овозможена на сите корисници во светот, тоа изгледа ќе зависи од популарноста.

ИЗВОРNetflix
Претходна статијаBrave Search ќе понуди алтернатива на Google Search со акцент на приватноста
Следна статијаРичи Пенг: Изградба на оптимални 5G мрежи со одржливи иновации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.