Најверојатно повеќето кои ги интересира оваа промена, ќе бидат изненадени дека OneDrive веќе не е 64-битна апликација и дека дури сега истата станува достапна. OneDrive 64-bit верзијата е достапна за симнување, но уште е во Preview фаза, што значи дека не е целосно завршена, односно уште се тестира.

Предностите кои ќе ги добијат корисниците со инсталирањето на 64-битната верзија од OneDrive вклучуваат можност за синхронизација на поголеми датотеки, а исто така ќе може да се синхронизираат и повеќе датотеки. Сервисот генерално треба да функционира побрзо и постабилно поради тоа што 64-битните апликации можат да пристапат до повеќе ресурси, како што е RAM и процесор.

За да може да се инсталира 64-битната верзија од OneDrive секако корисникот ќе мора да користи 64-битен процесор и да ја има инсталирано 64-битната верзија од Windows 10, но во денешно време ретко кога тоа не е случајот.

За почеток корисниците на Windows 10 на ARM ќе мора да продолжат да ја користат 32-битната верзија, односно 64-битната уште не е прилагодена за овие процесори.

Корисниците кои не сакаат да чекаат да биде пуштена финалната верзија од OneDrive 64-bit, можат да ја симнат Preview верзијата на овој линк. Кога ќе биде достапна финалната верзија, истата автоматски ќе биде инсталирана на поддржаните компјутери.

Од Microsoft истакнуваат дека уште немаат точни податоци за тоа колкаво е зголемувањето на можностите на OneDrive со новата 64-битна верзија, но претпоставуваме дека доколку има некоја значителна разлика, за истата ќе има информации во иднина.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаПрвиот Google Pixel часовник прикажан на неофицијални „рендери“
Следна статијаПрвите две сезони на Ozark
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.