Време е Google на пазарот да претстави сопствен паметен часовник преку кој најдобро ќе може да дојде до израз Wear OS платформата. Логично би било да се очекува дека еден ваков производ би бил претставен под брендот Pixel, а неофицијални информации го кажуваат токму тоа.

Познатиот Џон Просер, кога се во прашање неофицијални информации за нови производи, објави рендери од Google Pixel Watch кои се направени врз основа на маркетинг материјали од извори во Google.

Доколку овие рендери се покажат како точни, може да очекуваме одличен паметен часовник од Google.

Екранот е доста голем, а поради недостатокот на рамка околу него, изгледот е уште подобар. Исто така, според овие информации, Google ќе оди во повеќе користениот концепт на кружни часовници кои се повеќе слични на класичните, наместо како што Apple прави уште од самиот почеток со Apple Watch.

Повеќе информации за што е тоа што би можеле да очекуваме од Pixel Watch нема, а во оваа фаза новоста е само изгледот.

Според информациите, Google би го претставил часовникот некаде во октомври, односно во периодот кога обично ги претставува новите Pixel телефони.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаDigital Wellbeing на Android ќе ве потсетува да погледнете напред кога одите и го користите мобилниот
Следна статијаMicrosoft OneDrive доби 64-битна верзија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.