Прво го најави во мај оваа година, за да дури во октомври почне да го пушта официјално, новиот и редизајниран Messenger 4, за кој Facebook се потруди да биде многу поедноставен и насочен кон разговорите.

Од оваа недела новата верзија од Messenger започнува со помасовна достапност, па ако веќе ја немате, можете да очекувате многу брзо да ја добиете.

Како што можевме да видиме од сликите при најавата, Messenger сега изгледа многу повеќе едноставно. Акцентот е вратен назад на разговорите, иако сите функции кои беа достапни досега, остануваат тука.

Веднаш ќе ја забележите разликата која од една страна вклучува нова дизајн кој е повеќе во правец со најновите Material дизајн правила од Google. На горната страна со големи букви е испишан насловот Chats, а камерата е префрлена во десниот горен агол, наместо досегашното централно место на долната лента.

Исто така, долната лента сега има само три опции, односно три ленти. Разговори, луѓе и откривање е се што ќе видите доле, па сигурно многу полесно ќе можете да се снајдете во оваа апликација која верувам дека како повеќето во главно ја користите за разговори.

Она што недостасува е темната тема за разговорите, нешто што станува се повеќе популарно, а како што можевме да прочитаме, исто така добро за батеријата кај телефоните со OLED екран. Оваа можност, иако најавена, изгледа ќе остане за некоја од наредните ажурирања на апликацијата.

За да ја добиете новата верзија од Messenger во основа немате нешто посебно што треба да направите. Се што треба е да проверите дали има нова верзија од апликацијата во Play Store или App Store, доколку тоа не ви е наместено автоматски да се прави, па на некое од наредните вклучувања на апликацијата, ќе го видите новиот дизајн.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.