Android може да се каже дека не се смета за оперативен систем кој сериозно се грижи за приватноста на корисниците, а посебно ако се спореди со iOS од Apple, тоа е така и според ова истражување.

Во изминатите години сепак мора да се каже дека Google направи повеќе промени кои ја подобрија приватноста и безбедноста на корисниците.

Новината која од компанијата ја најавија на крајот од минатиот месец, а треба да стапи на сила од почетокот на идниот, дополнително оди во правец на ставање на подобра оценка за приватност на Android оперативниот систем.

Во овој случај се работи за пристапот до другите инсталирани апликации на уредот на корисникот од страна на апликациите, односно можноста една апликација да добие пристап до другите апликации.

Оваа можност од идниот месец ќе биде ограничени или блокирана, зависно од тоа за каква апликација се работи. Во основа, апликациите чие функционирање не е поврзано со пристапот до другите апликации, нема ни зошто тие да ја имаат можност да пристапат до истите.

Кај одреден број на апликации кај кои мора, пристапот ќе биде дозволен и понатаму. Пример за такви апликации се анти-вирусните апликации, менаџери на датотеки и слично.

Од Google истакнуваат дека листата со инсталирани апликации на еден уред е приватна работа на корисникот и пристап до таа информација не треба да има било кој. Овој период на прилагодување што им е оставен на програмерите треба да се искористи, а од 5-ти мај натаму, апликациите кои ги немаат направено потребните промени, може да бидат тргнати од Play Store.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаGM го претстави новиот и целосно електричен Hummer SUV кој може да вози дијагонално
Следна статијаNASA ја објави првата слика од Ingenuity хеликоптерот додека уште се подготвува за првиот лет
Avatar
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.