Како што беше најавено, General Motors на почетокот од овој месец го претстави новиот Hummer SUV, по претставувањето на пикап верзијата минатата година. Новиот Hummer, двата модели, се целосно електрични и овој пат за нив нема да може да ги има критиките за потрошувачката на гориво и загадувањето на околината.

Новиот Hummer SUV работи на модуларниот систем од батерии од GM наречен Ultium кој му овозможува на најсилниот модел, зависно и од додатни фактори, да помине и повеќе од 650 километри со едно полнење. Батеријата ќе може да се полни со брз полнач кој ќе му овозможи на возилото да помине околу 160 километри со 10 минути полнење.

Достапни ќе бидат неколку модели, од кои дел ќе почнат со продажба од 2023 година, додека главните модели се планирани за 2024. Цената на Hummer SUV ќе биде околу 105.000 долари, зависно од конфигурацијата, а поевтините модели ќе бидат спуштени до 80.000 долари. Дефинитивно се работи за доста скап автомобил.

Hummer SUV ќе дојде со неколку додатоци кои се наменети за тие кои ќе го користат возилото во теренски услови. CrabWalk му овозможува на возилото да ги сврти и задните тркала во правецот на предните при возење со мали брзини и со тоа да се движи дијагонално. Ова е замислено да се користи во одредени ситуации кога возилото треба да се извади од некоја непогодна позиција.

Уште една функција ќе му овозможи на Hummer да се извади од лоши ситуации, а тоа е Extract Mode. Овој функција го подига возилото за дополнителни неколку сантиметри со што ќе му овозможи да помине преку одредени повисоки пречки.

Hummer SUV и Truck доаѓаат со доста добри перформанси, како што е најчесто случајот со повеќето електрични автомобили. Забрзувањето од 0 до 100 кај одредени модели ќе се постигнува за само 3,5 секунди, што е одлично за волку големо возило.

Автомобилот исто така доаѓа и со систем за автономно возење, но ќе биде поддржан само кај одредени патишта кои според компанијата ги имаат потребните услови.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаЈП Водовод и канализација – Скопје постави апарат за наплата на сметки во ГТЦ
Следна статијаGoogle ќе го ограничи бројот на апликации кои ќе имаат пристап до листата со инсталирани апликации на уредот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.