General Motors најави дека на 3-ти април ќе ја претстави втората верзија од целосно електричниот Hummer. Првата верзија беше направена во форма на „пикап“, додека втората ќе биде класичен SUV.

Производството на пикап верзијата треба да почне до крајот на годината, а за SUV верзијата уште нема поточни информации.

GM го прекина производство на познатиот Hummer уште во 2010, а една од причините е огромната потрошувачка на гориво по што е познат овој огромен автомобил.

Сега Hummer се враќа во целосно електрична форма, како дел од планот на компанијата да претставува повеќе електрични автомобили во годините што следат.

Повеќе информации за Hummer SUV ќе може да видиме на неговото претставување идниот месец, а се очекува да ќе има батерија која ќе му овозможи да помине околу 650 километри со едно полнење.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаСаемот во Хановер ги ангажираше Deutsche Telekom и Siemens за изградба на мега 5G кампус
Следна статијаМинг-Чи Куо најавува контактни леќи со проширена реалност од Apple во 2030-тите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.