Познатиот Минг-Чи Куо, кој најчесто ги погодува работите за кои објавува информации, овој пат излезе со негово предвидување, врз основа на следењето на работата на Apple. Тој очекува дека Apple ќе претстават паметни контактни леќи, односно со проширена реалност во 2030-тите.

Ваквото предвидување, посебно кога ќе се земе во предвид периодот, можеби звучи несериозно, но сепак треба да се земе доволно како мерка. Луѓе како Минг-Чи Куо, кои се што прават е следење на работата на одредена компанија, многу често знаат да направат добро предвидување.

Дефинитивно можеме да ја замислиме иднината со едни вакви леќи кои веќе ги гледаме во филмовите. Луѓето веќе нема да мораат да гледаат во своите мобилни телефони за доста информации, а истите ќе им бидат прикажани во нивното видно поле.

За идната година се најавува дека Apple ќе претстават уред за виртуелна и проширена реалност, а за 2025 се најавува дека од компанијата ќе претстават очила за проширена реалност, односно нешто како што беа Google Glass.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаGeneral Motors ќе ја претстави електричната верзија од нивниот Hummer SUV на 3-ти април
Следна статијаОфицијални резултати за Google HashCode 2021 квалификациската рунда која се одржа на 25ти февруари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.