Дека оперативните системи и апликациите кај модерните уреди собираат многу информации за корисниците е познато, иако ретко кој се нафаќа на тоа да провери што точно се собира. Trinity College од Ирска, на чело со Даглас Леит реши да направи истражување на оваа тема и резултатите не се воопшто изненадувачки.

Тоа што е интересно е што според нив Google собира 20 пати повеќе информации од своите корисници од што тоа го прави Apple со нивните iPhone и други уреди. Во бројки, според истражувањето тоа би изгледало вака, Google преку Android собира 1,3 терабајти податоци во 12 часа, додека Apple во истото време собира 5,8 гигабајти.

Според истражувањето, оперативните системи испраќаат информации до серверите на Google и Apple на секои 4,5 минути.

Типот на информации кои се собираат сепак се очекувани и може да се каже дека не се до толку загрижувачки. Компаниите собираат информации за IMEI бројот на телефонот, серискиот број од SIM картичката, телефонскиот број, серискиот број на уредот, локацијата, колачиња, IP адреса, Wi-Fi MAC адреса и слично.

Проблемот обично настанува поради тоа што сите овие податоци може да се поврзат со корисникот заедно со другите информации кои се собираат од апликациите, како отворените веб страни, пребарувања и слично.

Google и Apple ги негираат резултатите од ова истражување, а посебно проблематичните тврдења за нивната цел и приватноста на корисниците.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаVirgin Galactic го претстави првото летало од новата SpaceShip III генерација
Следна статијаNokia ќе гради приватна 5G мрежа за KymiRing во Финска
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.