Познатата Virgin Galactic која според плановите од идната година треба да започне со комерцијални летови, односно да започне со својот вселенски туризам, ја претстави третата генерација од нивното летало кое ќе се користи за оваа цел.

Леталото или како што го нарекуваат вселенскиот брод, е наречен VSS Imagine и е првото летало од третата генерација, односно од SpaceShip III. Од компанијата планираат да произведат повеќе летала од оваа генерација кога ќе почнат официјално со комерцијална работа.

VSS Imagine моментално се тестира на Земјата, а од ова лето се планира да се почне со поголеми тестови во лет, но уште не во орбитата. Virgin Galactic ги тестира своите летала со поставување на авион кој ги носи до одредена висина, по што се пуштаат да слетаат назад на Земјата.

SpaceShip III не е многу различен од претходната генерација, но има неколку подобрувања кои ќе овозможат негово полесно одржување, а со тоа повторна употреба.

Главната новина е модуларниот дизајн, со што се овозможува полесен пристап до делови од леталото, нешто што не бил случајот со претходната генерација.

Virgin Galactic не се единствените кои планираат комерцијални летови во орбитата на Земјата. На истото работи и SpaceX, а оваа компанија може истото да го започне и порано од Virgin Galactic.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Virgin Galactic
Претходна статијаHuawei го претстави годишниот извештај за 2020 година
Следна статијаAndroid телефоните собираат 20 пати повеќе информации од корисниците за разлика од Apple
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.