Google Chrome доби целосно нов дизајн минатата година во правец на Material дизајн правилата од компанијата. Сепак, тоа не значи дека голем дел од корисниците не користат некоја од достапните теми со кои може да се измени делумно изгледот на прелистувачот.

Тимот којшто работи на Chrome објави теми направени од нивна страна и мене лично овие ми се допаѓаат многу повеќе од другите достапни.

Новите теми се направени да бидат едноставни и ја менуваат целосно бојата на прелистувачот, без додатни слики и шари на разни делови од него.

Темите можете да ги видите на овој линк, па доколку некоја ви се допадне, јас би ја препорачал Just Black додека дојде официјалната темна тема, можете да ја инсталирате.

Претходна статијаАлкохол и волан – лоша комбинација која најчесто завршува фатално!
Следна статијаСамсунг ја претстави најновата “QLED“ серија на телевизори за 2019 година на Форумот Самсунг Европа во Португалија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.