Веќе одреден период се најавува дека Google работи на воведување на темна тема кај својот интернет прелистувач Chrome.

Темните теми стануваат се повеќе популарни, а можеме да ги видиме како кај голем број на апликации, така и кај оперативните системи. Причината за популарноста на темната тема е од една страна кај естетиката, односно на голем број корисници едноставно им се допаѓа. Од друга страна, темната тема е попријатна за користење, посебно во темни услови, а ја штеди и батеријата кај уредите со OLED екран.

Google ќе ја овозможи темната тема кај Chrome во сите негови верзии, односно на десктоп, но и на мобилен.

Како што може да се види од тест верзиите на Chrome, темата тема ќе се вклучува автоматски кога корисникот ќе избере темна тема на неговиот оперативен систем. Веруваме дека како и повеќето дурги апликации, темната тема ќе може да биде вклучена и рачно.

Моментално темната тема, која е во фаза на изработка, е достапна во тест верзиите од Chrome, како и во бета верзијата од Chrome на мобилен. Кога точно од Google планираат да ја пуштат во финалната верзија не е познато, но веруваме дека тоа ќе биде до оваа пролет.

Инаку, причината поради која во насловната слика го прикажуваме Chrome во Incognito режим е поради тоа што се очекува темната тема да биде иста или слична со темната тема која веќе ја има за сурфање во овој режим.

ИЗВОР9to5Google
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаDisney+ во подготовка да биде сериозна конкуренција на Netflix
Следна статијаMotorola ја претстави новата G7 серија составена од 4 смартфони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.