Потребата од копирање и испраќање на дел од одреден текст или имејл адреси, телефонски број и слично е нешто што не ретко се случува, па иако едноставно, знае да испадне покомплицирано да се испрати од што би требало.

Обично ваквите ситуации ги решаваме со тоа што потребниот текст го препишуваме или го испраќаме на себе преку порака, имејл или друг начин, што иако ја завршува работата, не е баш практично.

Windows 10 веќе има функција која овозможува синхронизација на копираните работи, односно на работите во clipboard со облакот, со што тие стануваат достапни на сите други Windows 10 уреди, па и Android, на кои сме најавени со истата сметка.

Google со најновата 79-та верзија од Chrome воведе нешто слично, па корисниците ќе можат многу полесно да си испратат ископиран текст на себе, односно на другите свои уреди, без разлика дали се мобилни или компјутери.

Со селектирање на одреден текст и притискање на десното копче од маусот, Chrome сега дава можност текстот да биде испратен на друг уред, а неговото име ќе биде напишано до „Send text to“ опцијата.

Функцијата иако достапна, не е автоматски и стандардно вклучена, па истата ќе мора да се вклучи преку неколку едноставни чекори.

Во лентата за адреси на Chrome внесете chrome://flags, па во делот за пребарување внесете clipboard. Ќе се појават три функции и сите ќе треба да ги промени во Enabled.

За да може да функционира ова ќе мора да сте најавени со вашата Google сметка на Chrome, како и да ви е вклучено синхронизирањето на прелистувачот со облакот.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаApple објасни зошто iPhone 11 ја проверува локацијата и покрај исклучувањето на пристапот за сите сервиси
Следна статијаGmail воведе можност за прикачување на цели имејл пораки како датотеки и нивно испраќање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.