Според истражување од страна на американските власти кои имаат пристап до класифицирани информации од разузнавачките служби, како и истражување од страна на The New York Times, апликацијата ToTok е апликација која се користи за следење на сите активности на своите корисници.

Апликацијата е направена од страна на компанија со седиште во Абу Даби и истата има добиено доста голема популарност во месеците од кога е претставена. ToTok се користи веќе од милиони корисници низ светот, а не само во Обединетите Арапски Емирати, а големата популарност во САД е тоа што има привлечено внимание.

Оваа апликација треба да им овозможи на корисниците безбедни текстуални и видео разговори, но според истражувањата истата се користи за целосно следење на своите корисници, од нивните разговори, до нивната локација, состаноци, слики, врски и слично.

Од Google и Apple веќе се одлучија да ја тргнат апликацијата од Play Store и AppStore, но тие кои ја имаат инсталирано можат слободно да продолжат да ја користат.

Според истражувањата, компанијата која стои зад развојот на ToTok е Breej Holding, но се тврди дека таа е компанија поврзана со DarkMatter, компанија од Абу Даби која се занимава со „сајбер“ разузнавање и хакирање.

Искористувањето на апликациите за разговор, па и другите апликации, за следење на корисниците е нешто што веќе претставува голем проблем во ова модерно време. Впечатокот е дека сепак западот има нешто поголема контрола врз своите институции, па за следење на корисниците се прават многу посложени и потешки мерки, додека на истокот истото се прави најдиректно и без никаква контрола.

Иако нема никаква гаранција за нивната безбедност, сепак препорачливо е да корисниците разговорите ги прават преку веќе познатите со години апликации, кои постепено почнуваат да нудат шифрирање на разговорите, нешто што сепак може и да се провери кај тие со отворен код.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2The New York Times
Претходна статијаПреку мал „хак“ до floppy дискета со капацитет од 128 GB
Следна статијаSidewalk Labs од Alphabet прикажа алатка за планирање на населбите во иднина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.