Ова е нешто што за нас може да изгледа исто како и научна фантастика. Планирање на населбите и притоа земање во предвид на квалитетот на живот, влијанието на сообраќајот, светлината во околината и слично, наместо само натрупување што повеќе градби на одреден простор за што поголем профит на инвеститорот кој „соработува“ со локалните власти.

На запад сето ова веќе одамна се зима во предвид, па планирањето и дизајнирањето на населбите е процес којшто опфаќа повеќе професии и е процес кој не е така едноставен и може да трае подолг период и притоа да потроши доста ресурси.

Подобрувањето на процесот на планирање на населбите е нешто на кое се размислува во развиените земји, а секако дека водството во тоа го имаат ИТ компаниите, а посебно вештачката интелигенција која се повеќе од нив ја развиваат.

Sidewalk, компанија која е дел од Alphabet (Google), претстави алатка на која тие работат која треба да овозможи многу побрзо и подобро планирање на населбите. Оваа алатка не е наменета да ги замени луѓето, односно дизајнирањето на населбите, туку е наменета да го забрза значително процесот и да овозможи многу повеќе опции.

Како што истакнуваат од компанијата, процесот на планирање на населбите е процес којшто ги вклучува архитектите, луѓето кои ги планираат повеќе аспекти од населбата, тие кои ја развиваат и градат и слично. Сите тие треба да ги земат во предвид ефектите кои ќе ги има населбата на квалитетот на живеење, како и законските обврски.

Алатката од Sidewalk ги комбинира сите информации кои ги користат луѓето од сите професии поврзани со изградбата на населбите, па прави предлози во кои се зима во предвид се што е потребно за изградба на модерна населба.

Интересна алатка, а за истата можете детално да прочитате тука, а можете да го погледнете и видеото во продолжение.

ИЗВОРFast Company
ИЗВОР 2Sidewalk
Претходна статијаНова и популарна апликација за разговори од Емиратите наводно е апликација за шпионирање од страна на властите
Следна статијаБесплатен интернет на најфреквентните локации во Битола
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.