Фото: WhatsApp

WhatsApp слободно може да се каже дека е една од најактивно развиваните апликации, барем од овој вид. Meta редовно пушта новини кај апликацијата која ја купи пред 10 години, а сега истата добива и освежување на дизајнот.

Главната разлика ќе се забележи кај Android верзијата од WhatsApp која ја добива главната лента на долната позиција, нешто што се најавува со месеци, а одамна е случајот кај iOS верзијата.

Со тоа корисниците добиваат унифицирано искуство, без разлика која платформа ја користат.

Исто така, карактеристичната зелена боја на горната лента се заменува со бела боја кај Android, а повторно во случајот на iOS тоа е така одамна.

WhatsApp делумно ја менува и нијансата на зелената боја, па таа сега ќе биде нешто посветла, а ќе ја има и на повеќе мали делови од апликацијата, односно дискретно ќе биде додадена на повеќе места.

Темната тема со новата надградба треба да биде променета исто така, па корисниците можат да очекуваат зголемување на темните делови за добивање на вистински темна тема.

Уште еден дел од WhatsApp добива редизајн, а тоа се иконите кои се користат низ апликацијата, како и илустрациите, а во случајот на iOS верзијата се додава и нова лента за работа со датотеките.

Генерално може да се каже дека иако не се работи за драстичен редизајн, WhatsApp е доволно освежена за да може да го задржи вниманието на корисниците.

Надградбата се очекува во деновите што следат, а ќе биде достапна за сите корисници.

ИЗВОРAndroid Authority
Претходна статија11 мај – ден на културата во сообраќајот
Следна статијаMicrosoft тестира можност за додавање на „виџети“ директно во Старт менито
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.