Фото: Albacore на X

Во бета верзиите од Windows 11, достапна е новина поврзана со Старт менито, нешто што одамна немаме видено, а последна новина која ја доби ова мени беше можноста за избор колку апликации или предлози ќе се прикажуваат.

Новата можност која се тестира е наречена „Start Companions“, односно придружници на старт менито, а во основа се работи за додавање на „виџети“.

Овие „виџети“ може да се додадат од едната или другата страна на менито, а се во посебна лента, односно нема да ја нарушат досегашната поставеност и со тоа корисничкото искуство.

Како што е случајот со лентата за „виџети“, така и во Старт менито програмерите ќе можат да креираат сопствени „виџети“ кои корисниците ќе можат да ги додадат.

Засега, пример за што може да се додаде доаѓа од Albacore преку X, каде тој има додадено „виџети“ за временска прогноза и хартии од вредност.

Ова е одличен додаток на Старт менито, а корисниците ќе можат да ги добијат нивните важни информации секогаш кога го користат истото. Дали тоа ќе придонесе до поголемо користење на ваквата функција, ќе видиме кога ќе биде пуштена, а на крајот тоа зависи и од достапните „виџети“.

ИЗВОРXDA Developers
Претходна статијаWhatsApp претстави редизајн кај своите апликации на Android и iOS
Следна статијаДенеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.