Фото: Android Police

Иако Play Store апликацијата на Android редовно добива надградби, па до сега и неколку пати го промени изгледот, веб верзијата од продавницата остана со својот дизајн пуштен уште во 2013 година.

Можеби ова и не претставува некој посебен проблем за повеќето корисници кои во главно само преку своите мобилни ја отвораат продавницата за апликации, но сепак стариот дизајн на Play Store и не предизвикува некое внимание за поголемо користење.

Google конечно се имаат решено да и дадат внимание на оваа веб страна, па од тоа што може да се види, редизајнот е направен во согласност на дизајнот на мобилната апликација, па покрај модерен дизајн, корисниците ќе добијат и унифицирано корисничко искуство.

Покрај дизајнот, посебно се истакнува и можноста да се избере видот на уред, па апликациите кои ќе бидат прикажувани при пребарување, да бидат прилагодени за таблет компјутерите, а не само за мобилните или за сите урди заедно.

Сликите ги имаат добиено од познатиот Android Police портал, што значи дека Google имаат започнато со тест пуштање на редизајнот кај одредени корисници. Тоа обично значи дека работата е скоро завршена и спремна за пуштање, но не целосно, па не би можеле да знаеме кога точно може да се очекува официјалното пуштање за сите корисници.

ИЗВОРARSTechnica
Претходна статијаInstagram сега овозможува бришење на слики од објавите со повеќе слики
Следна статијаЗапочнуваат Black Friday понудите во Смартус
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.