Instagram довива една не толку голема можност, но можност која ќе овозможи подобро корисничко искуство за корисниците кои често објавуваат повеќе слики во една објава на мрежата.

Поточно, објавите со повеќе слики, можноста е до 10 најмногу, а тука спаѓаат и видеа, сега ќе може да бидат променети, односно да им се избрише некоја од сликите или видеата. Со тоа корисниците кои се премислиле за некоја од објавените слики или ако не забележале дека некоја од сликите сепак не сакаат да ја објават, истата ќе можат да ја тргнат од објавата, наместо да морат да ја избришат целата објава.

Оваа новина ја презентираше главниот на Instagram во Meta и истакна дека за почеток новата можност им е достапна на корисниците на iOS, но наскоро ќе им биде пуштена и на Android корисниците.

Тој најави уште една мала новина, која ќе за почеток ќе им биде достапна само на корисниците од САД, а тоа е можноста да се испрати порака до Instagram со поплака или предлог, со кратко тресење на телефонот.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаMeta ќе работи на воведување шифрирани разговори кај Messenger и Instagram една дополнителна година од планираното
Следна статијаВеб верзијата од Play Store добива одамна потребен редизајн
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.