Фото: Shutterstock.com

По апсењето на сопственикот на познатата Telegram апликација, Павел Дуров, од компанијата направија промени со кои воведоа можност за пријавување на приватните разговори до модераторите. 

Сега Telegram го зголемува бројот на информации кои се подготвени да ги дадат на властите, па од компанијата ќе ги откриваат IP адресата и телефонскиот број на корисниците за кои е поднесено официјално барање од страна на властите и судовите. 

Од компанијата продолжуваат да истакнуваат дека тие досега немаат дадено ниту еден разговор од своите корисници, а останува и можноста да се користи сервисот без телефонски број.

Сепак, поголемата соработка со властите по апсењето на Дуров сигурно ќе ја намали популарноста на Telegram и вербата во вистинската приватност на разговорите. Компанијата досега беше позната по многу малата соработка со властите, а тоа очигледно сега се менува. 

Тоа што е проблем со овие промени е што властите не секогаш бараат информации за корисници кои се занимаваат со криминални активности. Често каков такви се означени политички противници, луѓе кои имаат различни ставови од тие што се форсираат и слично. 

Доколку Telegram почне да овозможува откривање на вистински криминал, тоа секако е позитивна работа, но многу често се случува властите да се заинтересирани за доста повеќе од тоа. 

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаЏони Ајв ќе работи на дизајн на уред од OpenAI
Следна статијаNothing Ear (open) се слушалки со „отворен“ систем и нестандарден дизајн
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.