Фото: Shutterstock.com

Во текот на вчерашниот ден, основачот и директорот на Telegram, Павел Дуров, беше уапсен при слетување со неговиот приватен авион на аеродромот Bourget во Париз. 

Информацијата не беше веднаш официјално потврдена, но полициски извори, како и реакциите од повеќе страни, вклучувајќи ја и Русија, ја потврдија точноста на првичната информација. 

Павел Дуров е познат како основачот на најпознатата руска друштвена мрежа Vkontakte која ја продаде поради притисоци за модерирање на содржината од руските власти. 

Telegram како сервис и апликација ги создава во 2013 година, а технологијата за шифрирање на разговорите е создадена од страна на неговиот брат. Апликацијата во годините што следат станува една од најпознатите, а посебно можноста за групни разговори и креирање на заедници. Telegram неколку пати беше позната и во нашата земја поради групи со одредена содржина, но истите беа исклучени од страна на компанијата на крајот. 

Како главна причина за апсењето на Дуров е повторно модерирањето на содржината на Telegram, нешто што ја прави целата оваа ситуација „интересна“. Дуров избега од Русија за да се тргне од ваквите практики на властите, но со апсењето доаѓа до израз колку е влошена ситуацијата и во западните земји на овој план кои веќе очигледно одат во правец на источните земји. 

Како вистинска причина за апсењето на Дуров се смета неговото одбивање да соработува со властите во повеќе земји, а во разговор со Такер Карлсон тој објави дека ФБИ веќе подолг период се обидува да „влезе“ во оваа апликација. 

Реакции на апсењето дојдоа од повеќе страни, а големо внимание мора да се признае дека привлекуваат тие од Русија, како руската амбасада во Франција, како и поранешниот руски претседател Димитри Медведев.  

Дојде време кога Русија ќе им продава на западот лекции за правата на луѓето и слободата на изразување, а аргументите се целосно точно. 

Павел Дуров има двојно државјанство, односно Француско и Обединетите Арапски Емирати. 

Со своја реакција излезе очекувано и Елон Маск кој не е чудо во блиска иднина да има проблеми со властите и самиот. 

Во продолжение е и реакцијата од Telegram.

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2Forbes
Претходна статијаПобрзајте да се пријавите на 20-то издание на Виз Ер Скопски маратон
Следна статијаPixel 9 уредите оваа година ја прекршуваат практиката на пуштање во продажба со најновата верзија од Android
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.