Фото: Shutterstock.com

Google обично своите нови Pixel генерации ги претставува во октомври, па оваа година дојде некако чудно што тоа го направија во август, околу два месеци порано. 

На 13 август Google го одржа својот настан на кој ги претстави Pixel 9, Pixel 9 Pro, Pixel 9 Pro XL, Pixel 9 Pro Fold, како и Pixel Buds Pro 2 и Pixel Watch 3. На настанот беа презентирано и новите функции со Gemini кои привлекоа големо внимание. 

Поради претставувањето на уредите два месеци порано, корисниците на Pixel кои уште од почетокот ќе ги купат некои од уредите ќе ја добијат ланската верзија од Android, односно Android 14.

Google обично ја пушта новата верзија од Android во септември, по што новите Pixel уреди во октомври се првите уреди кои работат на таа нова верзија. Оваа година тоа не е случајот, па корисниците може да бидат изненадени. 

Android 15 се очекува дека ќе биде пуштен во септември, па корисниците можат веднаш да ја очекуваат надградбата на нивните нови Pixel уреди, па тие повторно ќе бидат првите кои ќе работат на најновата Android верзија. 

За некои корисници купувањето на нов Pixel уред со постара верзија од Android може да биде проблем, но за повеќето корисници во светот кои подоцна ги добиваат овие уреди, тоа нема да биде случајот. 

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаУапсен сопственикот на Telegram Павел Дуров
Следна статијаSpaceX ќе ја изведе првата приватна „вселенска прошетка“ и ќе ги тестира нивните нови и потенки скафандери
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.