Не читаме баш нешто често за проектите на кои работи познатиот Џони Ајв по излегувањето од Apple и основањето на неговата Love From компанија. Имаше неколку проекти за кои се пишуваше, но можеби најновиот ќе биде тој преку којшто ќе може повторно да дојде до израз неговата позната способност. 

Во интервју за The New York Times, Ајв открива дека најновиот клиент на Love From e OpenAI. Тој ќе работи на дизајн на нов мобилен уред, но и покрај долгото интервју, не се открива за што точно се работи. 

Тоа што се знае до некаде, а и може да се претпостави е дека уредот ќе биде поврзан со вештачката интелигенција, сепак се работи за OpenAI, но што точно е во план, не е познато. 

Може само да се надеваме дека не планираат да претстават некој уред кој ќе биде целосно посебен од мобилните телефони, а е замислен да се носи цело време со корисникот. Имавме два такви примери за тоа колку е скоро невозможно да успее еден таков уред. 

Тоа што се открива е дека уредот со вештачка интелигенција ќе донесе функции поврзани со комуникација, визуелна интелигенција и разбирање на сложени барања од страна на корисникот. 

Ова секако се функции кои се поврзани со ChatGPT, односно големите јазични модели зад овој „четбот“. 

Без разлика која ќе биде намената на уредот, големи се очекувањата за неговиот изглед со оглед на историјата на дизајни од Џони Ајв во Apple. 

ИЗВОРTom's Hardware
Претходна статијаБлокирањето на X сметки веќе нема да ги крие јавните објави од нив
Следна статијаTelegram ја зголемува листата на информации кои ќе ги споделуваат со властите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.