Фото: Shutterstock.com

Со одговор на објава на X, Елон Маск потврди дека оваа мрежа ќе направи доста голема промена кај можноста за блокирање на сметките од страна на корисниците. 

За разлика од досега, кога се блокира некоја сметка, односно некој корисник, тој корисник веќе не може да ги гледа објавите од корисникот, а се што може да види е дека е блокиран, па ги нема дури ни бројот на следбеници и слично. 

Со новата промена, корисниците кои се блокирани сега ќе можат да ги гледаат објавите од таа сметка, односно објавите кои се јавни, што значи корисникот мора да има јавен профил. 

Тие нема да можат да имаат интеракција со објавите, односно нема да можат да ги „лајкуваат“, да коментираат и да ги споделуваат, но затоа сега ќе можат да ги гледаат. 

Маск претходно имаше најавувано дека планира да го тргне копчето за блокирање целосно, а морам да се сложам со него. Корисниците се блокираат помеѓу себе за најосновни работи, односно за мала разлика во ставови, па намената на оваа можност веќе нема врска со заштитата на корисниците. 

Можноста да не може да се добиваат пораки, како и коментари е доволна за заштита на корисниците, па класичното блокирање можеби е добро што ќе биде променето. 

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаYouTube реклами ќе има и за време на паузирање на видеата
Следна статијаЏони Ајв ќе работи на дизајн на уред од OpenAI
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.