Фото: Nothing

Nothing денеска го претстави нивниот најнов производ, нови слушалки наречени Ear (open). Името доаѓа од видот на слушалки, а тоа е отворениот систем на пуштање на звукот, односно „open wearable stereo“. 

Овој систем овозможува слушање на звукот од слушалките со целосна „свесност“ за околината, што може да се каже дека се целосно спротивни од најпопуларните слушалки со активно придушување на бучавата. 

Предизвикот кај ваквите слушалки е да се овозможи доволно квалитетен звук, а посебно во делот на ниските тонови, а Nothing имаат посебно решение за ова за кое имаат поднесено и патент апликација. 

Во основа, дизајнот на Nothing Ear (open) вклучува пуштање на звукот во увото, заедно со втор звучник кој е на надворешната страна, но пушта звук кон внатрешната. Како што „просто“ го објаснуваат од компанијата, овие два звуци треба да овозможат еден вид поништување на губење на звукот поради отворениот систем на слушалките. 

Основачот на Nothing Карл Пеи истакнува дека тој го „форсирал“ овој стил на слушалки, а целта му била токму можноста да се остане свесен за околината, а тој вели дека Ear (open) дури и не се чувствува дека се носат, во споредба со другите слушалки. 

Важноста за ова, а посебно за тие кои често и долго носат слушалки, се гледа и од промоцијата на „transparency“ и „adaptive“ режимите од страна на Apple кои овозможуваат слушање на звуците од околината, а посебно разговорите со другите. 

Ear (open) доаѓаат со можност за слушање на музика до 8 часа, што е одлично, а заедно со кутијата која ги полни може да се има независност до 30 часа, заедно со доста кратко полнење за можност на слушање од 2 часа. 

Како што би се очекувало, Nothing Ear (open) се продаваат по цена од 150 евра, што е пониска од најпознатите класични слушалки за во увото. 

Од компанијата посебно ја истакнуваат и вештачката интелигенција која е тука да помогне во квалитетот на звукот, а посебно кај телефонски разговори. 

Во продолжение можете да ја погледнете презентацијата на новите слушалки, директно од Карл Пеи во кое се презентира и наредната верзија од Nothing OS.

ИЗВОРNothing
Претходна статијаTelegram ја зголемува листата на информации кои ќе ги споделуваат со властите
Следна статијаСем Алтман ја гледа иднината со вештачката интелигенција како донесува огромен просперитет за луѓето и напредок на технологијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.