Апсењето на Павел Дуров, сопственикот на Telegram, во Париз минатиот месец изгледа ја постигна саканата цел на властите. Ова посебно не доаѓа како изненадување кога ќе се земат во предвид обвинувањата кои можат да му донесат на Дуров повеќе години затвор.
Како објаснување за неговото апсење беше истакнат недостатокот на модерирање на содржината на Telegram, па платформата се користи од трети страни за детска порнографија, продажба на дрога и оружје и слични кривични дела.
Тоа што е проблемот со апсењето е што сопственик на платформа е уапсен и обвинет за дела направени до трети страни, само зошто тој е сопственик на платформата. Кога на тоа ќе се додаде кога и зошто се прават вакви потези, станува јасно дека властите често имаат единствена цел, а тоа е контрола на разговорите, а не намалување на криминалот.
Делот за често поставувани прашања на Telegram веќе ја нема реченицата во која се истакнуваше дека разговорите се приватни помеѓу учесниците и дека компанијата не процесира никакви барања поврзани со нив.
Сега во тој дел стои дека сите разговори имаат копче за пријавување на нелегална содржина која ќе биде проверена од страна на модераторите на компанијата.
Ова секако не ја прикажува целата приказна, односно не знаеме што точно ќе значи пријавувањето и колку поголема соработка ќе има сега Telegram со властите.