Microsoft, односно Skype, не ја промовираат Lite верзијата како ние во насловот, меѓутоа со оглед на достапноста, сигурно голем дел од корисниците ќе ја користат од такви причини. Како и со другите вакви верзии, Messenger Lite на пример, Skype Lite е наменет за корисниците од земјите како Индија, каде се користат послаби мобилни уреди, а и мобилниот интернет не е баш достапен и со големо ограничување.

Skype пред неколку месеци го доби досега најголемиот редизајн којшто до некаде ја промени и целната група на корисници на овој досега во главно бизнис сервис. Новата верзија позајмува голем дел од функциите на Snapchat, Instagram и слични, па корисниците сега можат да додаваат ефекти на сликите, да се следат едни со други и да објавуваат Highlights, попознати на Instagram како Stories.

Lite верзијата од Skype ги нема овие функции, па истата е сведена на основните, односно на функциите кои до пред редизајнот беа стандардни за апликацијата. Покрај Skype разговорите, апликацијата нуди можност да се користи и за SMS пораки, па доколку не ви се допаѓа стандардната апликација, можете да го користите Skype.

Skype Lite се’ уште не е официјално пуштена, меѓутоа е достапна во Play Store и може да се инсталира. Дали по официјалното пуштање ќе биде достапна за сите корисници, не ни е познато.

Извор: Windows Central

Претходна статијаПознати процесорот и камерата за новиот Samsung Galaxy S9
Следна статијаПодгответе се навреме – од 15 ноември задолжитлно носење на зимска опрема
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.