Моментално најбезбедната апликација за приватни разговори, Signal, воведе можност за промена на телефонскиот број, без притоа како досега да мора да се направи повторна регистрација со која ќе се изгубат сите разговори.

Корисниците сега можат да го задржат својот профил, заедно со сите разговори и групи, следејќи кратка процедура која сепак е нешто посложена во споредба со Viber, на пример.

Треба да се истакне дека при промена на телефонот, со задржување на истиот телефонски број, пренесувањето на разговорите се прави преку посебен трансфер на податоците, а ова е затоа што Signal не ги чува разговорите во „облакот“, односно на нивните сервери.

За промена на телефонскиот број корисниците треба да внимаваат Signal апликацијата уште да функционира со стариот број. Потоа тие можат преку Account > Change Phone Number да го внесат својот стар и нов број, по што ќе започне стандардниот начин на регистрација на бројот, но сега со зачувување на профилот и разговорите.

Останатите учесници во разговорите со корисникот ќе видат посебен дел во разговорот каде се информира дека е променет бројот. Сепак се работи за апликација со шифрирани разговори, па на корисниците може да им е сомнително ако има промена за која не се официјално известени.

ИЗВОРSignal
Претходна статијаТинејџер има креирано Twitter сметки кои ја објавуваат локацијата на авионите на Елон Маск и други познати личности
Следна статија„Макпетрол“ ја намали цената на КПГ-метанот за 13 отсто
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.