На почетокот од минатата година излезе неофицијалната информација за Project Monarch, исто така нарекуван One Outlook, со која се најави дека Microsoft работи на унифицирање на различни верзии кои ги има од Outlook. Со тоа корисниците би добиле една апликација која ќе ја користат за своите имејл и календар потреби.

Тестирањето на апликација, кое беше започнато во самата компанија, требаше да започне минатата година, но тоа не се случи.

Сега според најновите информации од познатата Мери-Џо Фоли, Microsoft ќе ја претстави првата тест верзија од One Outlook до крајот на март или почетокот на април. Апликацијата ќе им биде достапна на корисниците на Windows Insider програмата во dev и beta каналите, а за сите корисници треба да биде достапна изгледа со наредната надградба на Windows оваа есен.

Според изворите на Фоли, оваа апликација нема веднаш да ја замени Mail апликацијата во Windows, односно ќе биде паралелно достапна, а корисниците ќе можат самите да изберат да ја користат доколку сакаат.

Целосното префрлување на новата апликација би се случило идната година, кога би требало да биде тргната моменталната апликација која и така не добива нешто многу нови функции изминатите години.

Првичните информации укажуваа на тоа дека новата Outlook апликација треба да ја замени и десктоп апликацијата која доаѓа со Office пакетот, но според информациите тоа би се случило подоцна. Засега целта е замена на „вградената“ апликација во Windows која може слободно да се каже дека нема многу можности, а посебно ако се спореди со Outlook.com веб апликацијата.

Новата унифицирана апликација треба да биде направена на основа на веб апликацијата, која ги има сите потребни функции поврзани со имејл, барем за приватните корисници.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаАмериканската ZTF објави дека им пречат сателитите на Starlink при набљудување на небото
Следна статијаНеофицијални тестови го ставаат Dimensity од MediaTek на првото место кај Android уредите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.