Recents-f

Facebook спрема нова целосно редизајнирана верзија од Facebook Messenger апликацијата за Android и iOS. Точната дата на нејзиното официјално пуштање не е нагласена, туку само е најавено дека истата ќе биде достапна во наредните неколку недели. Карактеристиките на апликацијата се официјално објавени и истата ќе биде понудена на тестирање на случајно избрани корисници.

За разлика од моменталната верзија која што е направена да изгледа исто како и Facebook апликацијата, новата има посебен изглед кој што е доста различен од стандардниот Facebook стил. Апликацијата има целосно бела позадина, а сликите од пријателите сега се кружни со мала икона на нив која покажува дали корисникот ја користи Messenger апликацијата или разговорот го прави преку веб верзијата.

Можноста да ја користите Messenger апликацијата за да ги читате и испраќате SMS пораките од вашиот мобилен е тргната поради, како што признаваат од Facebook, не користењето на оваа функција од повеќето корисници.

Нова функција која што привлекува внимание и ја прави апликацијата поблиска со Viber и  WhatsApp е можноста да го внесете вашиот телефонски број, па Messenger ќе ги идентификува сите ваши контакти, вклучувајќи ги и тие што не ви се пријатели на Facebook. Тоа значи дека ќе може да испраќате пораки и на луѓе што не ви се пријатели на Facebook. Како поточно ќе функционира оваа нова функција не е целосно објаснето, па останува непознато дали пораката ќе стигне на ваш контакт што не ви е пријател на Facebook, истиот има профил, меѓутоа не ја користи Messenger апликацијата.

Претходна статијаVolvo развива технологија за безжично полнење на електричните автомобили
Следна статијаProject Ara концепт на Motorola за модуларен телефон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.