ara-concept

Мобилните телефони во денешно време стануваат „застарени“ после само неколку месеци на користење. Толку брзо и често излегуваат нови модели, што ако некој сака да биде константно во тек, ќе мора барем еднаш годишно да го менува својот мобилен телефон.

Целта на концептот што го развива Motorola, во партнерство со во основа истиот концепт од проектот Phonebloks, е да ги направи мобилните телефони корисни во периодот од повеќе години. Идејата е, на пример, доколку излезе нов и подобар процесор од тој што моментално го имате, наместо да го смените целиот телефон, да го смените само процесорот. Исто така овој концепт би можел да се примени и во ситуации кога едноставно сакате да го прилагодите вашиот телефон на вашите потреби. Можеби немате потреба од одредена компонента на сметка на друга, па со овој концепт ќе можете да правите какви сакате комбинации во однос на хардверот на вашиот телефон.

„Сакаме да го направиме за хардверот она што Android платформата го направи за софтверот: да создадеме енергичен екосистем на развивачи, да ги намалиме бариерите за влез, да го зголемиме темпото на иновации и значително да ги намалиме роковите за развој.

Нашата цел е да развиеме повеќе промислен, изразувачки и отворен однос помеѓу корисниците, развивачите и нивните телефони. Да ја дадеме моќта на одлучување што вашиот телефон прави, како изгледа, каде и од што е направен, колку чини и колку долго ќе го користите.“

Како е замислен овој концепт, односно како ги овозможува наведените можности?

Дизајнот за Проектот Ara се состои од ендоскелет, односно внатрешен скелет и модули. Внатрешниот скелет се состои од рамка која што ги држи сите модули на место. Модулите може да бидат било што, од процесор, до екран или тастатура, батерија или било што друго што можеби во моментов на никого не му ни текнало дека може да се користи.

Во продолжение погледнете го видеото каде што е објаснет концептот на Phoneblocks проектот.

Претходна статијаНова редизајнирана Facebook Messenger апликација
Следна статијаNeurocam камера што снима кога нешто ви е интересно
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.