Neurocam е прототип претставен на Human Sensing 2013 настан кој што се одржа минатата недела во Yokohama. Се работи за уред кој што го ставате на глава и истиот ја чита вашата мозочна активност. Алгоритамот за анализа на мозочната активност е развиен од страна на професорот Mitsukura од Универзитетот Keio. Уредот исто така има држач за мобилен телефон и истиот моментално работи само со iPhone.
Целта на neurocam е да ја вклучи камерата на телефонот и да почне да снима кога смета дека тоа што го гледате ви е интересно. Следејќи ја мозочната активност преку вградениот сензор истата ја оценува на скала од 1 до 100, па секогаш кога ќе надмине вредност од 60, уредот преку апликација на мобилниот ја вклучува неговата камера. Камерата снима видео од 5 секунди и истото го зачувува како анимирана GIF фотографија. Фотографијата потоа можете да ја гледате преку албумот и истата содржи информации за времето кога е сликана како и локацијата.