negri-nexus-5

Negri Electronics е продавница за отклучени телефони во САД и истата на својата страна го направи достапен за резервирање веќе толку очекуваниот Nexus 5. Доколку тоа што е објавено може да се смета како точно, сите претпоставки и гласини се во главно точни и единствено што останува е конечното закажување на настанот да биде официјално.

Според оваа продавница за мобилни наредниот Nexus ќе има 4,95 инчен екран со Full HD резолуција. Quad-core 2.3 GHz Snapdragon 800 процесор, камера со 8 мегапиксели со оптички стабилизатор на сликата, 16GB/32GB надворешна меморија, 2 GB RAM меморија, 3G, HSPA+ и LTE поддршка, како и 2300mAh батерија. Се разбира и најновиот Android OS 4.4 (KitKat) кој што треба да биде исто така првпат претставен.

Официјалната дата за настанот кога треба да биде претставен новиот Nexus 5 заедно со новата верзија на Android 4.4 KitKat веќе подолг период е предмет на шпекулации кои до сега не успеаја да бидат во право.

Претходна статијаNeurocam камера што снима кога нешто ви е интересно
Следна статијаFacebook сака да ги следи движењата на курсорот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.