Минатата година Netflix започна со тестирање на нова функција која на корисниците ќе им го олесни изборот при барање што наредно да се гледа, затоа што оваа активност веќе станува „напорна“ за активните корисници на сервисот. Изборот на содржина е огромен, па не ретко се случува да не може да се одлучи што да се пушти наредно.

Новата функција би овозможувала пуштање на филм или серија по случаен избор со притискање на едно копче, па корисниците се што треба да направат е да одлучат дали би сакале да го гледаат тоа што им е понудено.

Може да се каже дека ова до некаде потсетува на начинот на гледање на телевизија, кога се менуваат каналите додека не се дојде до нешто интересно за гледање.

Netflix оваа нова функција ја нарекува „Play Something“ и почна да им ја пушта на корисниците на нивната апликација на телевизорите, иако не сите ја добија во првата фаза.

Сега од компанијата го пуштија ова копче на својата Android апликација, па овој пат изгледа дека повеќе корисници ќе можат да ја пробаат новата функција.

На главниот екран од апликацијата сега е достапно копчето на кое пишува „Play Something“. Со притискање на копчето веднаш почнува да се прикажува филм или серија, по случаен избор, но секако врз основа на претпоставките на Netflix што како корисник би сакале да гледате.

Тоа што е прво прикажано не мора да се гледа, па достапни се стрелки за пуштање на нареден предлог, а на секоја од содржините се прикажуваат и по неколку слични кои корисникот може да му дадат идеја што сака да гледа.

Дефинитивно може да се каже дека ова беше потребна функција на Netflix и веруваме дека повеќето корисници ќе ја користат почесто.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаTwitter ќе воведе повеќе видови на реакции покрај „лајк“
Следна статијаFacebook воведе мерки против страните и корисниците кои почесто споделуваат неточни информации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.