Facebook најави дека воведува неколку нови мерки против страните и корисниците кои често споделуваат неточни информации. Како неточни информации се сметаат тие кои така се означени од партнерите на Facebook задолжени за нивна проверка.

Кога една Facebook страна често, односно повеќекратно, споделува информации кои се означени како неточни, страната ќе биде означена како таква, а корисниците кои ќе сакаат да ја „лајкнат“ ќе бидат информирани за истото. Заедно со информацијата Facebook ќе дава одредено објаснување за причината зошто корисниците ја добиваат, а тие ќе можат да одлучат сепак  да ја заследат страната.

Покрај за страните, Facebook најави дека мерките ќе важат и за обичните корисници. Тие што често споделуваат неточни информации, нивните објави ќе бидат поретко прикажувани на листата со новости на пријателите, односно истите ќе се прикажуваат подолу на листата.

Facebook веќе воведе функција која ги информира корисниците пред споделување на неточна информација.

Од компанијата воведуваат новина и во овој дел, односно при известувањето дека информацијата што се споделува е неточна, сега ќе има поедноставно објаснување и линк до статии кои покажуваат зошто информацијата е неточна.

Од Facebook истакнуваат дека овие правила важат за било која тема, политика, COVID-19, вакцини и слично. Од компанијата исто така одлучија веќе да не ги означуваат како неточни и да ги отстрануваат информациите кои тврдат дека корона вирусот е направен од човекот.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаNetflix го додаде „Play Something“ копчето на својата Android апликација
Следна статијаПрепорака за филм: Wrath of Man (2021)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.