Познатата Џејн Манчунг Вонг излезе со неофицијална информација дека Twitter работи на воведување на повеќе видови на реакции на објавите, нешто како што направи Facebook пред некоја година.

Тоа би значело дека корисниците ќе имаат избор, покрај да се стави „Like“ на објавата, да стават и други реакции, а Вонг ги истакнува „Cheer“, „Hmm“, „Sad“ и „Haha“.

Од тоа што таа досега го има откриено како информација, „Hmm“ и „Haha“ имаат посебни икони, додека останатите се прикажуваат со иконата од лајк реакцијата. Сепак, доколку оваа новина стане официјална и Twitter ја пушти за сите корисници, иконите најверојатно би биле посебни.

Дали на Twitter му е потребна една ваква новина, односно дали корисниците ќе ја сметаат за корисна, изгледа ќе покаже тестирањето кое секогаш се прави пред официјалното пуштање. Поради тоа, треба да се земе во предвид дека оваа новина може и никогаш да не биде пуштена, доколку од компанијата заклучат дека не ги добиле потребните реакции на истата.

Twitter изминатиот период почесто пушта нови функции на својата мрежа. Кога ќе се земе во предвид дека Twitter е и единствената ваква мрежа која успеа да опстане до Facebook, воведувањето на новини, посебно кога популарноста на главниот конкурент е намалена, е одличен начин да се привлечат и нови корисници.

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаАЕТМ и АЗЛП ќе соработуваат за поддршка на компаниите во е-трговија во процесот на усогласување со Законот за заштита на лични податоци
Следна статијаNetflix го додаде „Play Something“ копчето на својата Android апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.