Во новата верзија од мобилниот оперативен систем на Microsoft, Windows Phone 8.1 треба да биде вклучен и Internet Explorer 11, барем според протечените информации од програмерите кои што имаат дојдено до SDK за оваа верзија. На ова видео се прикажани некој од новите функции кои што се очекува да бидат вклучени во 11-тата верзија од овој интернет прелистувач.
Како што може да се види Internet Explorer 11 ќе вклучува Reading view функција која што е доста корисна посебно за мобилните телефони. Со оваа функција можете да го гледате само текстот од веб страницата што ја посетувате, што го олеснува читањето на помалите екрани. Можно е промена на позадината, на фонтот и неговата големина и слично. Исто така од видеото може да се види вклучување на stop и refresh копчиња на лентата за внесување на адресата, како и зачувување на лозинките.