Хеликоптер контролиран со човековиот ум е најновата луда идеја претставена од истражувачите на Универзитетот во Минесота и Минеаполис. Тие создадоа неверојатен компјутерски интерфејс кој ги чита мозочните бранови на корисниците, со што се овозможува мисловно контролирање на патот по кој ќе се движи летечкиот објект.

За овој систем да функционира не се потребни никакви додатни уреди. Со самото носење на специјалната капа (електроенцефалограмска ЕЕГ) на која има прикачено 64 електроди, сигналите од човековиот мозок се примаат и подоцна се испраќаат до компјутер.

mind-quadricopter

Пример, кога корисникот размислува за некое специфично движење (горе, доле, лево, десно), невроните во моторниот кортекс на мозокот произведуваат мали електрични сигнали, тие се декодираат и преку WiFi систем се праќаат до компјутер. Кoмпјутерот го процесира добиениот дигитален сигнал, со посебна програма го издвојува сигналот добиен од мозокот и се овозможува целосна контрола на квадрикоптерот.

mind-quadricopter2

mind-quadricopter3

Овој интересен систем сè уште е во фаза на тестирање, каде вклучени се студентите од Универзитетот од Минесота и Минеаполис. Најпрво се врши 20 часовен ’’мисловен’’ тренинг каде студентите треба да научат да прават разлика помеѓу различни движења. Откако ќе развијат осет, студентите се во можност виртуелно да го контролираат квадркоптерот (преку нивните мисли) и да го контролираат неговото движење помеѓу реални пречки, балони.

Идејата за оваа футуристичка технологија потекнува од потребата да се помогне на луѓето со посебни потреби да водат независен живот. Да им се овозможи полесно да ги извршуваат секојдневните задачи како телефонирање, вклучување на телевизорот, сурфање на интернет и слично. Па, иако е уште рано да се зборува каков пробив би направила оваа технологија, останува да се надеваме дека овој систем во блиска иднина ќе може да се искористи за помош на оние кои им е најмногу потребно.

Претходна статијаGoogle ќе се „отвори“ за Ara во април
Следна статијаНеофицијално видео од Internet Explorer 11 на Windows Phone 8.1