Mozilla во соработка со Epic Games продолжува со развојот на веб-от како платформа за играње игри. Целта на овие компании е да покажат дека со развојот на технологијата игрите ќе можат да се играат и на прелистувачите со скоро иста брзина како и на компјутерите или играчките конзоли. За таа цел Mozilla го има развиено asm.js, дел од програмскиот јазик JavaScript кој што овозможува веб базирани апликации да бидат програмирани во други јазици покрај JavaScript, односно во случајот им овозможува користење на Unreal Engine-от во веб прелистувач.
Mozilla и Epic веќе работат на овој проект и го имаат користено Unreal Engine 3 за развој на технологијата. Со Unreal Engine 4 преку оптимизација се постигнати многу подобри перформанси кои што се приближуваат до перформансите на стандардните апликации, односно до брзината која што играта би ја имала на играчка конзола или компјутер. Постигнато е подобрување на перформансите од 40% на 67% од стандардните перформанси.
Она што го имаат постигнато е претставено во демо видео кое што можете да го погледнете во продолжение.