Од денеска е достапна нова верзија од продавницата за апликации на Android оперативниот систем, Play Store. Истата е надградена на верзија 4.6.16 и како и до сега ќе биде автоматски надградена во период од повеќе недели. Истата вклучува неколку нови функции, како и мали промени на корисничкиот интерфејс.
Сигурно знаете дека во Play Store можете да видите листа на сите апликации кои што некогаш ги имате инсталирано и истите повторно да ги инсталирате или да ги тргнете од листата. Оваа можност сепак беше направена да инсталирањето на апликации го правите една по една, односно стандардно инсталирање. Во новата верзија од продавницата се воведува можноста за инсталирање на серија на апликации од листата. Тоа значи дека можете да селектирате повеќе апликации преку нивно притискање и држење, па потоа тие одеднаш да ги инсталирате. Ова е навистина корисна и барана функција која што може да ви се најде во случај кога го имате избришано вашиот уред или можеби имате купено нов, а не сакате Android автоматски да ви ги инсталира сите апликации преку Backup and restore функцијата. Исто така кога бришете некоја апликација од оваа листа, веќе нема да бидете враќани на почетокот од листата, па многу полесно ќе можете да продолжите каде што имате застанато.
При инсталација на апликации кои што се плаќаат, до сега ја имавте можноста да изберете од вас да биде побарана вашата лозинка за апликацијата да може да биде инсталирана. Во новата верзија ќе ви биде додадена нова можност која што овозможува при внесувањето на лозинката истата да не би биде побарана во наредните 30 минути. Се разбира можноста за исклучување на оваа функција останува како можност.
Исто така по надградбата на оваа верзија од продавницата, наредните надградби веќе нема да мора да ги чекате со недели и да не сте ни сигурни дали истата е извршена. Додадена е можност за проверка за нова верзија од продавницата директно од неа, па доколку има истата ќе биде надградена и вие точно ќе знаете што е направено.
Направени се и мали измени во корисничкиот интерфејс, како на пример, додавање на копчето Settings во страничната лента, прикажување на точна бројка на +1 од Google+, промена на копчињата во сина боја и слично. Исто така можноста за додавање на иконата од апликацијата на вашиот home екран сега има поточно име, односно е преименувана во Add icon to Home Screen од досегашното Auto-add widgets.
Извор: Android Police