По завршувањето на поддршката за Windows 7/8/8.1 во јануари 2023, Mozilla најави дека нивниот Firefox прелистувач ќе продолжи да биде ажуриран на овие системи до септември 2024. Корисниците беа задржани на 115 ESR верзијата од прелистувачот, што значи дека иако не добиваат нови функции, сепак ги добиваат најновите безбедносни надградби. 

Сега од Mozilla најавуваат продолжување на поддршката за дополнителни седум месеци, па истата би завршила во март идната година. Ова продолжување важи и за macOS 10.12 и 10.14 верзиите од системот. 

Исто како и досега, корисниците ќе останат на 115 ESR верзијата, која не е најнова, моменталната ESR верзија е 128. Тоа значи дека тие ќе останат на постарите функции од Firefox, но ќе продолжат да ги добиваат безбедносните надградби и исправки, што сепак е нешто. 

Како причина за ова кратко се истакнува доволно големиот број на корисници на овие верзии од системите со што се оправдува одлуката. 

Секако, на тоа треба да се додаде падот на популарноста на Firefox изминатите години, па очекувано е дека од организацијата не би си дозволиле да ги „откачат“ тие доволно голем број на корисници и дополнително да го изгубат пазарниот удел. 

ИЗВОРNeowin
Претходна статијаSony го претстави PlayStation 5 Pro со доста големи подобрувања на карактеристиките
Следна статијаApple ќе мора да плати 13 милијарди евра во Европа поради нелегални даночни олеснувања
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.