Фото: Shutterstock.com

Како што се најавуваше пред претставувањето на iPhone 16 серијата, Apple после настанот се соочи со судска одлука од страна на Европскиот суд на правдата според која од компанијата треба да платат 13 милијарди евра. 

Оваа сума се однесува на неплатени даноци од страна на Apple, односно платени многу пониски даноци поради нелегален договор со Ирска за доста ниска стапка на даночење која изнесува од 0,005 до 1%. 

Оваа одлука на судот доаѓа по одлуката на Европската Комисија уште во 2016 година која заклучи дека ирската влада им има дадено на Apple нелегална помош, а со тоа им има овозможено и предност во споредба со конкурентите.

Од Apple очекувано не се сложуваат со одлуката и сметаат дека нивните приходи веќе се оданочени во САД и дека ЕУ не може да носи вакви одлуки кои се однесуваат на веќе платени даноци. 

Се очекува дека од компанијата ќе ја обжалат одлуката на Европскиот суд на правдата, па ќе видиме дали тоа ќе направи некаква разлика. 

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаMozilla ја продолжува поддршката на Firefox за постарите оперативни системи до март идната година
Следна статијаNetworking, предавања, панели и забава на едно место – Weekend.17
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.