SwiftKey, апликација која Microsoft ја купи во 2016, е најверојатно најдобрата ваква апликација која моментално е достапна на било која платформа. Успешноста во учењето на стилот на пишување на корисникот, исправање на грешките и предлози за нареден збор при пишувањето, се скоро недостижни од страна на другите тастатури апликации.

Оваа апликација не беше ажурирана на iOS повеќе од една година, па почна да се поставува прашањето што се случува со нејзината поддршка од страна на Microsoft. Ова прашање го постави корисник на Reddit, по што Microsoft одговори дека апликацијата веќе нема да биде поддржана на оваа платформа.

Официјалниот одговор од компанијата истакнува дека SwiftKey на iOS веќе нема да биде поддржана и ќе биде тргната од App Store на 5. октомври. Корисниците кои веќе ја имаат инсталирано ќе можат да продолжат да ја користат се додека не ја избришат или додека не го сменат својот уред, па нема да има од каде повторно да ја инсталираат.

Поддршката за SwiftKey останува на Android, каде редовно добива надградби, а исто така технологијата зад оваа апликација ќе продолжи да се развива и користи за тастатурата на Windows.

Иако од Microsoft тоа не го истакнуваат, се верува дека причината зад оваа одлука е политиката на Apple да не дозволува пристап до одредени делови од оперативниот систем, а со тоа апликациите не можат да ги понудат некои од функциите кои ги имаат на нивните Android верзии.

Тастатурата која доаѓа со iOS, односно Apple тастатурата е одлична алтернатива, но за жал истата нема целосна поддршка за македонскиот јазик, па овозможува само основна исправка на грешки и предлози за пишување, но далеку од тоа што го овозможува за англискиот јазик, на пример, или тоа што го овозможува SwiftKey на Android.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаГласот на Дарт Вејдар го презема вештачка интелигенција, Џејмс Ерл Џоунс ја пренесува работата после 45 години
Следна статија5G за секого – Македонски Телеком ги претставува T Phone и T Phone Pro
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.