Ширењето на 5G технологијата има трансформирачко влијание врз многу аспекти на современиот живот. 5G е многу повеќе од гигабитни брзини; покриеноста и пропусниот опсег што ги обезбедува нè водат чекор поблиску до дигиталната иднина.

Дојче Телеком и неговите национални подружници континуирано инвестираат за да обезбедат покриеност со 5G мрежа секаде. Сепак, главната бариера за пристап до придобивките од поврзаната технологија денес е високата цена на 5G паметните телефони.

Како дел од Дојче Телеком Групацијата, Македонски Телеком верува дека дигиталното поврзување треба да биде достапно за секого. Затоа, за да можат сите да бидат дел од дигиталната иднина, Македонски Телеком ги претставува T Phone и T Phone Pro: 5G за секого. Првите телеком 5G смартфони ќе бидат достапни за корисниците од 5 октомври.

Со овие нови уреди, нашите корисници можат да уживаат во можностите на нашата 5G мрежа којашто постојано се шири, почнувајќи од забава до безброј дигитални производи и услуги – по многу достапна цена.

T Phone и T Phone Pro ги нудат најбрзите и најсигурни мрежни брзини во нивниот пазарен сегмент. Моделите имаат 6,82” и 6,52” HD+ дисплеи, со големи батерии за да останете поврзани во движење, опција за брзо полнење од 15 W, камери со висока резолуција и премиум дизајн, кој вклучува сензор за отпечатоци од прсти Magenta.

Партнерството на Дојче Телеком со Google гарантира дека T Phone и T Phone Pro нудат навистина беспрекорно искуство за крајниот корисник, комбинирајќи софтвер и хардвер за да се создаде пар од навистина достапни 5G паметни телефони кои го отклучуваат целосниот потенцијал на 5G мрежата без да се загрози квалитетот, искуството или безбедноста.

Сите корисници на T Phone ќе добијат дополнителна придобивка: 100 GB простор за складирање на cloud за три месеци преку Google One без дополнителна наплата.

Повеќе информации за T Phone и T Phone Pro:

T Phone ProT Phone
Камера: Задна: 50MP Главна + 5MP Ултраширока + 2M Длабочина + 2MP Макро + LED блиц. Предна: 16MP, 2K @ 30fps видеоКамера: Задна: 50MP Главна + 2MP Длабочина + 2MP Макро + LED блиц. Предна: 5MP, 2K @ 30 fps видео
Меморија: 6GB RAM / 128GB ROM / до 2TB Микро SD картичкаМеморија: 4GBRAM/ 64GB ROM/ до 2TB Микро SD картичка
Батерија: 5000 mAh со USB C + 15W брзо полнење + безжично полнењеБатерија: 4500 mAh со USB C + 15W брзо полнење
5G: ДА5G: ДА
Chipset: MediaTek Dimensity 700 / Octa Core – 2* 2,2GHz + 6*2GHzChipset: MediaTek Dimensity 700 / Octa Core – 2* 2,2GHz + 6*2GHz
Екран: 6.82” HD+  w/2.5D стаклоЕкран: 6.52” HD+  w/2.5D стакло
Безбедност: Отклучување со препознавање на лице и сензор за отпечатокБезбедност: Отклучување со препознавање на лице и сензор за отпечаток
Водоотпорна заштита: IP52 / IPX2Водоотпорна заштита: IP52 / IPX2
NFC: ДАNFC: Нема
Слушалки: поддржува 3.5mm приклучок за слушалкиСлушалки: поддржува 3.5mm приклучок за слушалки
Оперативен систем: Android 12 + OS Upgrade MRОперативен систем: Android 12 + OS Upgrade MR
Димензии: 173.92mm x 77.8mm x 8.99mmДимензии: 166.61mm x 76.42mm x 8.76mm
Тежина: 214gТежина: 195g
Претходна статијаMicrosoft се откажува од развојот на SwiftKey на iOS
Следна статијаФИТР со нов предизвик за воспоставување на лаборатории за истражување, креирање и иновативност – MAKERSPACE
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments