На почетокот од минатиот месец Microsoft и SwiftKey објавија дека постигнале договор со којшто оваа позната компанија ќе стане дел од Microsoft. Договорот оваа недела е официјално реализиран, па SwiftKey стана дел од Microsoft.

Повторно нема повеќе детали околу сумата којашто е платена, а веруваме дека е во милионски износ, ако не и повеќе.

За потсетување, SwiftKey е една од најпознатите, ако не и најпознатата и најмногу користена апликација за промена на стандардната тастатура на Android, а покасно и на iOS. Главната работа по којашто е позната апликацијата е технологијата којашто стои зад неа, технологијата за предвидување на зборовите која од поновите верзии се базира на неврална мрежа.

При објавата на договорот од компаниите најавија дека апликацијата на Android и iOS ќе остане и ќе се продолжи со работа на нејзиниот развој. Она што ќе биде ново е што функциите на апликацијата и технологијата со тек на време ќе стануваат дел од тастатурата на Microsoft којашто се користи во Windows 10.

Досегашното искуство покажало дека Microsoft ги задржува технологиите коишто ги купува, односно корисниците имаат можност да продолжат да ги користат.

Извор: Windows Central, Twitter

Претходна статијаНови рендери од Huawei P9 – ќе има двојна задна камера и 6 GB рам?
Следна статијаMicrosoft го претстави Windows Defender Advanced Threat Protection
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.