Outlook апликацијата од Microsoft за мобилните не е апликација со баш најдобри перформанси дури и на посилните телефони, нешто што веќе претставува проблем за тие од пониската класа. Апликацијата покрај проверка на имејл пораките во неа има вградено и календар, како и можност за користење на датотеките од OneDrive.

Истата беше направена на основа на познатата апликација Acompli која Microsoft ја купи во 2014, а подоцна ги додаде и функциите од исто така познатата апликација Sunrise Calendar.

Microsoft претстави „полесна“ верзија од Outlook за Android наречена Outlook Lite која за почеток е достапна во ограничен број на земји, но уште не и во нашата. За иднина се најавува проширување на достапноста.

Оваа апликација е направена да ги има повеќето функции од главната верзија на Outlook, но зафаќа помалку простор на телефонот, само 5MB, а може да се користи на уреди со само 1GB RAM. Outlook Lite исто така троши помалку ресурси што значи дека ќе има помал ефект на батеријата.

Сепак, Outlook Lite нема да може да се користи со сите имејл сервиси, барем така делува од најавата на апликацијата, па корисниците ќе можат да ги користат Outlook.com, Hotmail, Live, MSN, Microsoft 365 и Microsoft Exchange Online сервисите. Ова значи дека апликацијата е наменета за корисниците кои се во главно корисници на сервисите од компанијата.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Android Central
Претходна статијаSamsung со „Repair Mode“ ќе ги штити личните податоци на корисниците додека телефонот е на сервис
Следна статијаDell и Apple работат на решенија за безжично полнење на уредите преку лаптоп компјутерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments