Фото: Shutterstock.com

Патент апликација поднесена од трана на Dell покажува дека од компанијата работат на систем за безжично полнење на уреди кои би се полнеле доколку се поставени на одреден дел од лаптоп компјутер.

Ваква нешто веќе со години е достапно кај дел од Android телефоните од повисоката класа и е одличен начин за дополнување на батеријата на безжичните слушалки кои доволно долго ги имаме користено кога сме излезени, како и дополнување на батеријата на паметните часовници.

Оваа функција кај телефоните обично се нарекува „обратно безжично полнење“, па сега истата може ќе ја видиме и кај некои од лаптоп компјутерите на пазарот.

Системот на Dell вклучува додаток кој би се поставил на лаптопот, по што смартфон, слушалки, часовник и слични уреди кои можат безжично да се полнат, би биле поставени врз него за да можат да бидат наполнети.

Apple исто така има поднесено патент за сличен систем кој сепак е повеќе сличен со тој кој е веќе достапен кај мобилните. Безжичниот полнач би бил вграден во самиот лаптоп, па полнењето на уредите ќе може да се прави без дополнителни додатоци.

Со оглед на тоа што во оваа фаза достапни се само патент апликации, не можеме да знаеме дали и кога да ги очекуваме кај некои од компјутерите кои ќе бидат претставени во иднина.

Ова е нешто што сепак би сакале да го видиме во иднина, а ќе ја тргне потребата од носење на дополнителни батерии и кабли од страна на корисниците кои често работат надвор од канцеларијата.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаMicrosoft ја претстави полесната Outlook Lite апликација за телефоните од пониската класа
Следна статијаГрупацијата Арикома ја купува компанијата „Мусала Софт“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.