Samsung за корисниците на Galaxy S21 серијата во Јужна Кореа пушти нов режим наменет да ги заштити личните податоци на корисниците додека нивниот телефон и на сервис.

Едноставно и логично наречен „Repair Mode“, односно режим за поправка, при негово вклучување на сервисерите им остануваат достапни само неколку апликации кои се клучни за нивната работа. Се останато, односно сликите, датотеките, податоци и другите лични податоци на корисникот, се безбедно „сокриени“ и недостапни за сервисерите.

Корисниците можат да го вклучат repair режимот едноставно преку „Battery and Device Care“ делот во Settings, по што уредот се рестартира и вклучува. За да се исклучи потребно е да се внесе пин, друга шифра или отисок од прстот, што значи дека само корисникот ќе може да го направи тоа.

Засега нема информации дали и кога може да се очекува Repair Mode во другите земји од светот, но за корисниците во Кореа Samsung најави дека ќе стане достапен и за други модели.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Android Central
Претходна статијаМакедонски Телеком оствари позитивни резултати во првата половина на 2022 година 
Следна статијаMicrosoft ја претстави полесната Outlook Lite апликација за телефоните од пониската класа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.