Slide11

Минатата недела можевме да ја видиме случајната најава за оваа зделка која што денеска е официјално објавена и потврдена од двете компании. На Microsoft блогот по грешка пред време беше објавен блог без содржина кој што во линкот го содржеше насловот на панираната вест.

Денеска официјално Microsoft склучи договор со кој што ќе стане сопственик на email компанијата Acompli која што стои зад прилично новата, но веќе позната и со одлични критики, апликација достапна за корисниците на Android и iOS.

Acompli апликацијата е позната по својата можност да работи со повеќето популарни email сервиси како и Microsoft Exchange, OneDrive, Dropbox, Google Drive и слично. Таа е направена на начин што на корисниците им овозможува работа без потреба од отворање на посебни апликации за се што е врзано со email комуникацијата. Тоа значи дека во неа се имплементирани календар, контакти и фајлови, па според повеќето кои што ја имаа оценувано оваа апликација, таа е единствената која што нуди можност за работа како Outlook на десктоп.

acompli-ios-screens

Можеби и поради ова не е воопшто чудно што Microsoft одлучи да ја купи оваа компанија, наместо да го подобри и доразвие својот Outlook.com сервис и апликации. Кога на тоа ќе се додаде новиот тренд на компанијата на работа со сите платформи, оваа одлука е логична.

Тимот од нешто повеќе од 20 вработени во Acompli ќе премине во Microsoft, но се’ уште не е познато кој е планот на компанијата за понатамошниот развој. Новата компанија ќе биде дел од тимот во Microsoft кој што работи на развојот на Office 365, Outlook и Outlook.com, што исто така е очекуван потег.

Возбудени сме за тоа што е можно, како што ќе работиме на успехот на апликацијата и ќе го донесеме заедно со работата која што моментално е во развој од страна на Outlook тимот. Нашата цел е да овозможиме фантастични крос платформски апликации кои што поддржуваат разни email сервиси кои што луѓето денеска ги користа и да им помогнеме да постигнат повеќе. – Rajesh Jha Потпретседател и одговорен за Outlook и Office 365

Како од Microsoft планираат да ја искористат купената технологија не е познато. Според некои тие планираат да го спојат Acompli со Outlook.com и целосно да го променат името, додека според други Acompli ќе го задржи името и ќе стане главната апликација која што од компанијата ќе ја нудат како email решение. Сепак можеби првото изгледа поверојатно, односно дека ќе дојде до некакво ребрендирање.

Официјални информации за големината на зделката, односно која е сумата која што Microsoft ја има платено, нема, но според извори на неколку од странските портали се работи за зделка вредна 200 милиони долари. Оваа сума за разлика од повеќето зделки за купување на компании треба да биде исплатена целосно во готово.

Извор: Microsoft, Acompli

Претходна статијаЗаштитно поле околу Земјата не’ заштитува од опасните космички електрони
Следна статијаПравото „да бидеш заборавен“ се претвора во глобална алатка за цензура
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.