Фото: Shutterstock.com

Според анализата направена од страна на Феликс Краус, Meta на еден начин ги заобиколува правилата за приватност на iOS преку користење на сопствен прелистувач вграден во апликациите Facebook и Instagram.

Ова е нешто што е очекувано и не изненадува, а и го објаснува фактот што овие апликации немаат можност за отворање на линковите директно со друг прелистувач, па мора прво да се отворат во самата апликација.

Тоа што го тврди Краус е дека Meta со оваа практика добива пристап до страните кои ги отвора корисникот, а ако продолжи да го користи овој вграден прелистувач и до сите активности при сурфање, односно притискање на копчиња, слики од екранот, внесување лозинки, адреси, платежни картички и слично.

Краус истакнува дека тој нема доказ дека Meta ги собира лозинките и платежните картички од корисниците, но дека доколку сакаат тие имаат пристап до нив.

Иако на iOS мора да се користи интернет технологијата од Apple, односно таа која ја користи Safari, сепак врз основа на истата Meta го има направено сопствениот вграден прелистувач, наместо да го користи Safari како што прават повеќето други програмери.

Наједноставно решение за ова е да кога ќе се отвори некој линк од Facebook или Instagram, наместо да се разгледува веднаш, да се притисне да се отвори во Safari или кој и да е изборот на корисникот за главен прелистувач. На овој начин Meta нема да може да следи активноста и интеракцијата на корисникот на таа или другите страни.  

Целата објава од Феликс Краус можете да ја погледнете тука.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаMotorola го претстави Razr 2022 кој доаѓа со Snapdragon 8+ Gen 1
Следна статијаSamsung ги претстави нивните најнови уреди на Galaxy Unpacked August 2022
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.